ПРВ.мк
Спорт

Македонскиот шампион повторно на врвот – седми триумф во БКФЦ!

Македонскиот шампион повторно на врвот – седми триумф во БКФЦ!
Kristal

Македонскиот борец Горјан Гого Славески продолжува да доминира во БКФЦ (бокс со голи раце), постигнувајќи го својот седми триумф во организацијата. Тој го совлада Џа Фар Форт со технички нокаут уште во првата рунда, по само една минута и 34 секунди борба.

Славески ја започна борбата агресивно, преземајќи целосна иницијатива од самиот почеток. Неговите удари беа толку силни и континуирани што судијата мораше четири пати да ја прекине рундата, пред конечно да процени дека Форт не е способен да продолжи со борбата.

Овој спектакуларен триумф уште еднаш ја потврдува репутацијата на Славески како еден од најдоминантните борци во БКФЦ.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape