ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) ДВА ТОПОВСКИ УДАРИ ФРЛЕНИ ВРЗ ЗГРАДАТА НА „ИНФОРМЕР“! Снимател тешко повреден, објавена снимка од апсењето на напаѓачот

(ВИДЕО) ДВА ТОПОВСКИ УДАРИ ФРЛЕНИ ВРЗ ЗГРАДАТА НА „ИНФОРМЕР“! Снимател тешко повреден, објавена снимка од апсењето на напаѓачот

Две експлозивни направи, познати како топовски удари, биле фрлени вечерва кон зградата на телевизијата „Информер“, соопшти редакцијата на овој медиум.

Во инцидентот бил повреден снимателот Кристијан Михајловиќ. Според информациите објавени од „Информер“, експлозијата се случила во непосредна близина на неговата глава, по што тој изгубил свест и почнало да му тече крв од ушите. Редакцијата наведува дека станува збор за сериозни повреди.

ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ЗАДРЖАЛО ЕДЕН МАЖ ДО ПРИСТИГНУВАЊЕТО НА ПОЛИЦИЈАТА

Од телевизијата соопштиле дека припадниците на обезбедувањето успеале да совладаат и задржат еден од осомничените до пристигнувањето на полицијата.

Според објавените информации, станува збор за маж со иницијали А.М. (51). „Информер“ објавил и снимка од неговото приведување.

Засега, информациите за инцидентот се пренесени од самата редакција, а околностите под кои биле фрлени експлозивните направи треба да бидат утврдени од надлежните органи.

Вработените во медиумската куќа повикале на итна реакција од институциите и бараат случајот да биде целосно истражен.

ВИДЕО

Најнови вести