ПРВ.мк
Спорт

Трамп жестоко го нападна Леброн Џејмс: „Ти си вистински срам за Америка, треба да се извиниш!“ (ВИДЕО)

Трамп жестоко го нападна Леброн Џејмс: „Ти си вистински срам за Америка, треба да се извиниш!“ (ВИДЕО)

Трамп го нападна Леброн Џејмс поради непочитување на американската химна

Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон кошаркарската суперѕвезда Леброн Џејмс, обвинувајќи го за непочитување на американската државна химна пред натпревар од НБА-лигата.

Инцидентот се случил во вторникот, на 20 октомври, пред натпреварот меѓу Филаделфија 76ерс и Њујорк Никс, кој се одигра во „Медисон сквер гарден“.

На видеоснимката се гледа како Џејмс стои покрај своите соиграчи додека се изведува химната, но истовремено ги движи рацете, ги истегнува мускулите и имитира кошаркарски движења.

Трамп ја објави снимката на својата социјална мрежа „Трут соушл“, придружена со остра порака до кошаркарот.

„Додека ја слушаше нашата државна химна, Леброн Џејмс покажа непочитување кон нашата земја. Од самиот почеток велев дека не е добар. Тој е вистински срам“, напиша Трамп.

Американскиот претседател побара Џејмс јавно да им се извини на американските војници и херои кои ги загубиле животите бранејќи ја државата.

Снимката предизвика реакции во американската јавност, а повторно го отвори прашањето за однесувањето на спортистите за време на изведувањето на националната химна.

Сепак, од видеото не може со сигурност да се утврди дека Џејмс намерно сакал да покаже непочитување.

До објавувањето на информациите, Леброн Џејмс немаше јавно одговорено на критиките на Трамп.

Ова не е прв јавен судир меѓу американскиот претседател и кошаркарската легенда, кои и претходно разменувале остри критики за општествени и политички прашања.

Најнови вести