Полициска акција во угостителски објект во Градскиот трговски центар во Тетово резултираше со пронаоѓање сомнителна бела прашкаста материја и приведување на две лица.
На 23 октомври 2026 година, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово, заедно со мобилниот тим „Task Force“, спровеле акциска контрола во координација со претставници на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи.
При контролата, пред угостителскиот објект бил затекнат 48-годишниот М.Р. од Тетово. При извршениот преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, по што бил лишен од слобода.

Полицијата продолжила со контролата и во внатрешноста на објектот, каде што кај сопственикот, 54-годишниот Ј.Т. од тетовското село Требош, биле пронајдени 15 пакувања со бела прашкаста материја. И тој бил лишен од слобода.
Двете лица биле задржани во полициска станица. Од СВР Тетово информираат дека по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.







