ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) КРВАВ НАПАД ВО ПАРИЗ! Маж со автоматска пушка отворил оган од автомобил, има загинати

(ВИДЕО) КРВАВ НАПАД ВО ПАРИЗ! Маж со автоматска пушка отворил оган од автомобил, има загинати

Едно лице го загубило животот, а неколку други биле ранети во вооружен напад што се случил утрово во департманот Ивлин, во западниот дел на поширокиот париски регион. Според француските медиуми, напаѓачот пукал од автомобил со автоматска пушка додека се движел низ улиците на два града.

Според информации од извори запознаени со случајот, пукањето се случило околу 10:30 часот, на подрачјето на Трап и Ла Верјер. Информациите ги објави телевизијата БФМ, додека весникот „Паризиен“, повикувајќи се и на медиумот „Акту17“, пренесе дека напаѓачот отворил рафален оган врз луѓе на улица.

Во нападот едно лице загинало, а повеќе лица биле повредени. Според првичните информации, најмалку две од повредените лица се здобиле со тешки повреди, но постои можност конечниот број на повредени да биде поголем.

ОСОМНИЧЕНИОТ Е УАПСЕН

По пукањето, осомничениот бил уапсен од припадници на бригадата за борба против криминалот, позната како BAC. Телевизијата БФМ објави дека апсењето било извршено во местото Коањијер.

Надлежните служби за итни случаи интервенирале на терен, а полициските и истражните органи работат на утврдување на сите околности поврзани со нападот.

Градоначалникот на Трап, Али Рабе, се огласи преку Фејсбук, потврдувајќи дека едно лице го загубило животот.

„Утрово едно лице отворило оган од своето возило врз неколку луѓе што ги сретнало во Трап и Ла Верјер. Со жалење известуваме дека, според досегашните информации, едно лице починало“, напиша градоначалникот.

Истрагата треба да ги разјасни причините за нападот, како и околностите под кои осомничениот пукал врз луѓето на улиците на двата града.

ВИДЕО

Најнови вести