ПРВ.мк
Црна Хроника

ДИЛЕР ФАТЕН НА ДЕЛО: При контрола на возило откриенa голема количина кокаин - еве каде требало да заврши!

ДИЛЕР ФАТЕН НА ДЕЛО: При контрола на возило откриенa голема количина кокаин - еве каде требало да заврши!

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 30-годишниот М.Т. од кичевското село Црвевци, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Според информациите, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Кичево извршиле преглед на патничко возило „БМВ“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал пријавениот. Возилото било запрено на булеварот „Ослободување“ во Кичево.

При прегледот, полицајците пронашле кокаин, кој бил одземен.

Против 30-годишникот е поднесена кривична пријава, а случајот е во надлежност на институциите за понатамошно постапување.

Најнови вести