ПРВ.мк
Црна Хроника

ГО НАМAМИЛЕ ВО ДОМ, ГО ПРЕТЕПАЛЕ И МУ ГИ ЗЕЛЕ ПАРИТЕ! Шокантен случај од Куманово - еве што го принудувале да прави!

ГО НАМAМИЛЕ ВО ДОМ, ГО ПРЕТЕПАЛЕ И МУ ГИ ЗЕЛЕ ПАРИТЕ! Шокантен случај од Куманово - еве што го принудувале да прави!

Две лица од Куманово се лишени од слобода по пријава дека физички нападнале и ограбиле 64-годишен маж, а потоа се обиделе да го принудат да подигне брз кредит од финансиско друштво.

На 22 октомври 2026 година, полициски службеници од СВР Куманово ги привеле 45-годишната С.Б. и 52-годишниот Р.Т., двајцата од Куманово.

Според пријавеното, С.Б. го измамила 64-годишниот маж и го повикала во својот дом, наводно за да ѝ помогне при купување мобилен телефон. Но, кога пристигнале во дворот, ситуацијата добила поинаков тек. Р.Т. физички го нападнал мажот, додека С.Б. му ги одзела парите и мобилниот телефон.

По нападот и грабежот, според пријавата, двајцата го принудиле повозрасниот маж да замине во финансиско друштво со цел да подигне брз кредит.

ВРАБОТЕНА ВО ФИНАНСИСКО ДРУШТВО ЈА ПОВИКАЛА ПОЛИЦИЈАТА

Обидот да го натераат мажот да се задолжи бил прекинат откако тој успеал да ѝ даде знак на вработената во финансиското друштво дека не постапува доброволно, туку е принуден да го направи тоа.

Вработената реагирала и ја повикала полицијата, по што случајот бил пријавен кај надлежните служби.

Двете лица биле приведени во полициска станица. Од СВР Куманово информираат дека по целосното документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.

Најнови вести