ПРВ.мк
Спорт

Роналдо се огласи по суспензијата од Португалија: Напиша само четири зборови!

Роналдо се огласи по суспензијата од Португалија: Напиша само четири зборови!

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо се огласи на Инстаграм откако беше објавена одлуката за неговата суспензија од националната репрезентација.

Португалската фудбалска федерација му изрече суспензија од 30 дена и парична казна од 255 евра поради самоволното напуштање на репрезентативниот камп пред натпреварот против Данска.

На ваквата одлука ѝ претходеле несогласувања со селекторот Жорже Жезус, откако Роналдо не добил можност да настапи против Норвешка.

По објавувањето на казната, 41-годишниот фудбалер сподели четири фотографии од тренингот на саудиски Ал Наср, придружени со кратка порака.

„Putting in the work“, напиша Роналдо, што во превод значи „Посветено работам“.

Неговата објава веднаш привлече внимание, особено затоа што пристигна непосредно по веста за суспензијата.

Сепак, Роналдо не ја коментираше директно казната, па засега не е познато дали пораката има некаква поврзаност со одлуката на Португалската фудбалска федерација.

Иако суспензијата треба да истече пред ноемвриските репрезентативни натпревари, неговото враќање во националниот тим ќе зависи од одлуката на селекторот.

Португалија треба да се соочи со Данска на 14 ноември, а три дена подоцна со Велс.

Роналдо претходно порача дека е подготвен повторно да го облече репрезентативниот дрес, но останува да се види дали ќе добие повик за следниот собир.