ПРВ.мк
Македонија

Митко Јанчев со порака за 23 Октомври: Да ја чуваме слободата и да градиме подобра, посилна и просперитетна Македонија

Митко Јанчев со порака за 23 Октомври: Да ја чуваме слободата и да градиме подобра, посилна и просперитетна Македонија

По повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, во Кавадарци беше одбележан овој значаен датум од македонската историја со положување свежо цвеќе и оддавање почит на борците кои ги поставиле темелите на борбата за слобода и самостојност.

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, по повод празникот упати честитка до граѓаните, истакнувајќи го значењето на храброста, пожртвуваноста и делата на генерациите кои се бореле за слободата и иднината на македонскиот народ.

Јанчев нагласи дека сеќавањето на историските борби не претставува само почит кон минатото, туку и обврска за денешните генерации да продолжат да ја развиваат и унапредуваат државата.

„Нивната борба е наша обврска да продолжиме да градиме подобра, посилна и просперитетна Македонија“, порача Јанчев.

Одбележувањето на 23 Октомври беше можност уште еднаш да се потсети на историското значење на македонската револуционерна борба и на вредностите што ги оставиле генерациите кои се залагале за слобода и самостојност.

„Нека ни е честит и вековит 23 Октомври! Нека ни е вечна Македонија!“, порача градоначалникот Митко Јанчев во својата празнична честитка.

Најнови вести