Годината завршува со големо дерби и директна битка за врвот. Противникот влегува како лидер со еден пораз, додека ние сме втори со два. Победа значи израмнување на врвот и уште еден силен чекор напред.
Натпреварот се игра во истиот термин како и минатиот викенд, а целта е јасна – да останеме непоразени на домашен терен во Велес. Поддршката од трибините ќе биде клучна во овој важен дуел.

Натпреварот започнува во 20:00 часот во СЦ „Гемиџии“, во недела на 14 декември, со директен пренос на YouTube. Сите во сала. Напред Борец.
















