Некогаш заборавениот и речиси отпишан воз „Шпанец“ се враќа на патиштата со целосна реновација и модернизација. Информацијата ја објави Игор Коруновски, директор во МЖ Транспорт, на својот профил на Фејсбук.
Коруновски истакна дека денес бил тестирано обновениот воз, кој сега располага со нов дизајн, телевизори, современ озвучувачки систем, алармни системи и видео надзор за поголема безбедност.
Подготовките за поудобно и побезбедно патување се во полн ек, а од МЖ Транспорт најавуваат дополнителни новости во блиска иднина за љубителите на овој легендарен воз.
















