ПРВ.мк
Спорт

Инвестиција на Министерството за спорт - Тетово доби современоуреден простор за спорт и рекреација

Инвестиција на Министерството за спорт - Тетово доби современоуреден простор за спорт и рекреација
Kristal

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, денеска официјално го пуштија во употребареконструираниот спортски центар „Блок 70“, кој претставува современоуреден простор наменет за спорт, рекреација и унапредување на здравитеживотнинавики.

Со оваа инвестиција, локалнотонаселение, а особеномладатапопулација, добивакомплетноуреден спортски комплекс кој опфаќа детскоигралиште, фудбалскоигралиште, кошаркарскоигралиште со полипропиленски под, како и фитнесзонаопремена со современи реквизити.

Реконструкцијата на спортскиот центар „Блок 70“ е уште еден успешнореализиран проект на Министерството за спорт, во рамки на програмата за изградба и обнова на спортската инфраструктура низ целата држава, со цел создавање квалитетни и достапни услови за спорт и рекреација за сите граѓани.

Министерството за спорт и понатамуостанувапосветено на вложувања во спортската инфраструктура во сите општини во државата, со јасна заложба спортот да биде достапен за сите, во секој град и во секоја населба.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape