ПРВ.мк
Топ Вести

СКОПЈЕ ЈА ДОЧЕКУВА 2026: Еве кој се ќе настапи на дочекот на Новата година!

СКОПЈЕ ЈА ДОЧЕКУВА 2026: Еве кој се ќе настапи на дочекот на Новата година!
Kristal

Со свечено осветлување на елката на плоштадот „Македонија“ вечерва, 15 декември 2025 година, во 18 часот, Скопје официјално ја отвори празничната сезона и божиќниот маркет во центарот на градот.

Градските власти најавуваат дека од денес до 31 декември, секоја вечер од 18 часот ќе се одржува богата програма со музички настапи, диџеј-сетови и уметнички изведби, додека викендите се резервирани за најмладите.

Фокусот на градската програма се префрла кон крајот на декември: централните активности започнуваат на 27 декември, кога напладне на плоштадот е најавено и пристигнување на Дедо Мраз. Во програмата ќе се вклучат и средношколски бендови, кои ќе ги разубават празничните денови за младите посетители.

За новогодишната ноќ, организаторите најавуваат настапи исклучиво на домашни изведувачи, меѓу кои Каролина Гочева и Тамара Тодевска, како дел од концертната вечер за дочек на 2026 година. Воедно, е нагласено дека прославата нема да вклучува огномет, а украсувањето на градот ќе остане поставено до средината на јануари.

FixCredit
Escape