ПРВ.мк
Црна Хроника

(ФОТО) ТРАГЕДИЈА ВО КУЧЕВИШТЕ: Пожар го уништи домот на семејството Нешковиќ – потребна е хуманитарна помош!

(ФОТО) ТРАГЕДИЈА ВО КУЧЕВИШТЕ: Пожар го уништи домот на семејството Нешковиќ – потребна е хуманитарна помош!
Kristal

Денеска во село Кучевиште избувнал пожар кој целосно ја опожарил фамилијарната куќа на семејството Нешковиќ, оставајќи ги сите членови без кров над глава. Огнената стихија уништи сè, а семејството сега се соочува со тешка и неодложна потреба од помош.

Во јавен апел, граѓаните повикуваат на солидарност и помош кон настраданите. Секој вид поддршка – материјална или финансиска – е добредојдена, особено во овие студени денови, за семејството да може да обезбеди привремен дом и да ја преброди кризата.

За сите кои сакаат да помогнат, контакт лице е Раде на бројот: 075 330 478.

Целта на апелот е брзо собирање на средства и поддршка, за семејството Нешковиќ да може што поскоро да има привремен покрив над глава и да се справи со последиците од пожарот.

FixCredit
Escape