ПРВ.мк
Македонија

(ФОТО) БАЈКА ПОД ВОДА: Накитена елка во длабочините на Охридското Езеро

(ФОТО) БАЈКА ПОД ВОДА: Накитена елка во длабочините на Охридското Езеро
Kristal

Подводна новогодишна елка и годинава беше поставена во Охридското Езеро, во близина на Заливот на Коските – Музејот на вода, продолжувајќи една повеќедецениска традиција која симболично го најавува празничниот период.

Овој необичен и впечатлив настан се реализира повеќе од 20 години по ред, а и годинава елката ја поставија нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“. Акцијата се спроведе во соработка со Здружението за ретки болести, со поддршка од волонтерите на Црвениот крст од Охрид.

Организаторите истакнуваат дека празничната иницијатива е посветена на децата со ретки болести, кои ги нарекуваат вистински мали херои.

– Со оваа симболична акција сакаме да испратиме порака на надеж, поддршка и солидарност. Овие деца секојдневно нè учат на храброст, љубов и истрајност. Нашата желба е празничниот дух да допре до секое срце и да донесе здравје, топлина и внимание таму каде што е најпотребно – порачуваат од организацијата.

Подводната елка останува силен симбол на хуманост, заедништво и празнична магија, спојувајќи ја природната убавина на Охридското Езеро со порака за човечка грижа и поддршка.

FixCredit
Escape