ПРВ.мк
Скопје

СКОПЈЕ ПОД АЛАРМ: Повторно и утрово најзагаден град во Европа - што се случува?

СКОПЈЕ ПОД АЛАРМ: Повторно и утрово најзагаден град во Европа - што се случува?
Kristal

Скопје утринава се најде на врвот на листата на најзагадени градови во Европа, според податоците од швајцарската платформа „IQ Air“. Со индекс на загаденост од 101, главниот град го зазема првото место на европско ниво, додека во светски рамки е рангиран на 21 позиција.

По Скопје, на листата следуваат Амстердам и Сараево, кои исто така бележат високи нивоа на аерозагадување.

Според апликацијата „AirCare“, загаденоста се оценува како умерена, но одредени мерни станици регистрираат значително повисоки вредности, при што концентрацијата на ПМ-10 честичките надминува 200 микрограми на кубен метар.

Поради ваквата состојба, во сила се мерките на Владата за заштита на здравјето на граѓаните. На работодавачите им се препорачува да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата над 60 години, како и оние со хронични респираторни заболувања или со претходно прележан срцев или мозочен удар, без разлика на возраста. За лицата кои имаат обврски на отворено, се советува работните активности да ги извршуваат во периодот од 11 до 17 часот, кога загадувањето вообичаено е нешто пониско.

FixCredit
Escape