ПРВ.мк
Топ Вести

НОВА ШЕМА ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ: Наместен тендер од 8 милиони евра во ЕСМ - кои се учествувале?

НОВА ШЕМА ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ: Наместен тендер од 8 милиони евра во ЕСМ - кои се учествувале?
Kristal

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изнесе сериозни обвинувања за, како што рече, организиран криминал при доделување тендери во Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) за време на владеењето на СДСМ и ДУИ.

Според неговите наводи, во 2023 година, под раководство поставено од тогашната владина коалиција, бил реализиран спорен тендер во вредност од осум милиони евра. Наместо фер и отворена постапка за јавна набавка, во процесот биле вклучени две компании со однапред договорени улоги – едната од Скопје, другата од Куманово.

Петрушевски објасни дека фирмата од Куманово доставила понуда со нецелосна документација и повисока цена, со цел само формално да се создаде впечаток на конкуренција. Истовремено, скопската компанија поднела понуда која речиси целосно се совпаѓала со проценетата вредност на набавката, иако таа вредност, како што посочи, воопшто не била јавно објавена.

Дополнително, пратеникот тврди дека преку финансиски трансакции биле пуштени во оптек и пренесувани околу два милиони евра, со што, според него, се исполнуваат елементите на кривичното дело перење пари и директно се оштетени средствата на граѓаните.

Тој нагласи дека ваквите практики биле вообичаени за периодот кога СДСМ и ДУИ управувале со државните институции, додавајќи дека од овие партии досега нема ниту оградување, ниту осуда, туку, како што рече, континуирана заштита на криминалните структури.

„Затоа СДСМ и ДУИ, според нас, остануваат синоним за корупција и ќе продолжат да бидат во опозиција“, изјави Петрушевски.

FixCredit
Escape