ПРВ.мк
Топ Вести

СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ АМЕРИКА: Исчезнаa фотографии од Епштајн со Трамп и Меланија - бришење докази или случајност?

СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ АМЕРИКА: Исчезнаa фотографии од Епштајн со Трамп и Меланија - бришење докази или случајност?
Kristal

Од јавната интернет-страница на Министерството за правда на Соединетите Американски Држави во меѓувреме се отстранети најмалку 16 документи поврзани со случајот на Џефри Епштајн, осудениот сексуален престапник, што предизвика нови реакции и сомнежи во јавноста.

Меѓу избришаните материјали се наоѓале фотографии и други документи, вклучувајќи и фотографија на која се гледа поранешниот американски претседател Доналд Трамп во друштво на Епштајн, неговата сопруга Меланија Трамп и долгогодишната соработничка на Епштајн, Џилијан Максвел.

Според информациите на Асошиетед прес, федералните институции не дале конкретно образложение зошто датотеките биле повлечени од јавноста. Во објава на социјалната мрежа X, надлежните навеле дека материјалите „и понатаму ќе бидат предмет на преглед и редакција, во согласност со законските прописи и од претпазливост, додека се добиваат дополнителни информации“.

Документите биле јавно достапни во петокот, а веќе во саботата биле тргнати од веб-страницата. Дел од нив, како што се наведува, содржеле експлицитни фотографии, меѓу кои и спорната фотографија со Трамп и Епштајн.

Постапката предизвика остри реакции од демократските членови на Комитетот за надзор во Претставничкиот дом, кои побараа поголема транспарентност.

„Што сè се обидува да се сокрие? Американските граѓани имаат право да знаат“, порачаа тие, пренесуваат медиумите.

Целиот случај дополнително ја обнови јавната дебата околу бавниот и контроверзен процес на објавување информации поврзани со Епштајн. Иако се очекуваше дека најновата серија документи ќе донесе значајни откритија, анализите на „Њујорк тајмс“ укажуваат дека илјадниците објавени страници не понудиле суштински нови докази за неговите злосторства, ниту пак за улогата на институциите кои во минатото му овозможиле да избегне посериозни федерални обвиненија.

FixCredit
Escape