Ужасна сообраќајна несреќа вечерва ја потресе скопската населба Ѓорче Петров, каде дојде до верижен судир во кој учествуваа повеќе автомобили. Сцените на местото на настанот се драматични – расфрлани делови од возила, искршени стакла и уништени каросерии го блокираа патот, предизвикувајќи хаос и паника меѓу граѓаните кои во тој момент се нашле на улицата.
Видеата кои веднаш се проширија на социјалните мрежи покажуваат сериозна материјална штета, а сведоци тврдат дека силата на ударот била толку силна што звучела како експлозија. Сообраќајот во овој дел од градот е речиси целосно парализиран и се одвива со крајни потешкотии, додека колоните возила се зголемуваат од минута во минута.
Екипи на сообраќајната полиција се упатени на терен за да извршат увид и да ги утврдат причините за овој масовен судир. Засега нема официјални информации за евентуално повредени или загинати лица, но според состојбата на возилата, вистинско чудо би било доколку нема настрадани. Возачите се повикуваат да го избегнуваат овој дел од градот додека не се расчисти патот и не се воспостави нормален проток на сообраќајот. Скопје е на нозе, чекајќи официјална потврда за состојбата на учесниците во оваа вечерна драма.










