ПРВ.мк
Топ Вести

Захарова до Европа: Вразумете се, во спротивно еве што ве очекува!

Захарова до Европа: Вразумете се, во спротивно еве што ве очекува!
Kristal

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, упати остра порака до европските држави, повикувајќи ги, како што рече, „да се разбудат и да престанат со самонаметнатото уништување“.

Според неа, безрезервната поддршка за Украина и одлуката за прекин на увозот на руска енергија имаат директни последици врз секојдневието на европските граѓани, до таа мера што, како што тврди, се доведуваат во прашање дури и празничните прослави.

Захарова се осврна на информациите дека во повеќе европски градови, поради мерките за штедење на енергија, се откажуваат традиционални празнични настани и украсувања. Како пример го посочи Берлин, каде што, според неа, новогодишната прослава кај Бранденбуршката порта – настан кој со години привлекувал посетители од цела Европа – била ставена под знак прашалник.

Таа истакна и дека, за првпат по многу децении, познатата улица Курфирстендам останала без традиционалното божиќно осветлување, како резултат на одлуките за штедење донесени од градските власти.

„Дали некој во Германија можеше да замисли пред неколку години дека политиките на Брисел и водечките европски престолнини, насочени кон поддршка на Киев и напуштање на стабилните руски енергетски извори, ќе ги доведат празниците во декември на работ на пропаст?“, порача Захарова во објава на својот Телеграм канал.

Таа, сепак, додаде дека празничната атмосфера не исчезнала целосно, благодарение на ангажманот на граѓаните и деловната заедница. Според нејзините зборови, средствата за прославата кај Бранденбуршката порта биле обезбедени преку заедничка иницијатива, а дури и пензионери учествувале во собирање пари за повторно вклучување на празничните светилки на Курфирстендам.

„Фактот што сепак ќе има Божиќни прослави остава простор за надеж. Останува само Европа да се освести и да престане сама да си нанесува штета“, заклучи Захарова.

FixCredit
Escape