ПРВ.мк
Црна Хроника

ОПАСЕН ИНЦИДЕНТ: Натоварени возила се обиделе да пробијат полициска контрола - ова се деталите!

ОПАСЕН ИНЦИДЕНТ: Натоварени возила се обиделе да пробијат полициска контрола - ова се деталите!
Kristal

Сериозен безбедносен инцидент се случил на патниот правец Прилеп – Велес, каде што лица со натоварени возила се обиделе насилно да ги загрозат полициските службеници за време на извршување на службени дејствија.

Според првичните информации, при полициска интервенција и обид за запирање на возилата, возачите наместо да постапат по наредбите, продолжиле со движење и се обиделе директно да удрат во полицајците, доведувајќи ги во сериозна опасност нивните животи и безбедност.

Полицијата веднаш презела мерки за спречување на инцидентот и за целосно обезбедување на местото, при што неофицијално се наведува дека биле употребени законски овластувања со цел да се спречи понатамошна ескалација.

Надлежните служби работат на целосно расчистување на случајот, идентификација на лицата инволвирани во настанот и утврдување на мотивите за ваквото опасно однесување. По комплетирање на истрагата се најавуваат соодветни кривични пријави.

Инцидентот уште еднаш ја отвора темата за безбедноста на полициските службеници на терен и за ризиците со кои секојдневно се соочуваат при извршување на својата должност.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape