ПРВ.мк
Топ Вести

ЕНЕРГЕТСКА ТРАНСФОРМАЦИЈА: Ѓорѓиевски со нов проект за сите средни училишта - еве што ќе се случува во иднина!

ЕНЕРГЕТСКА ТРАНСФОРМАЦИЈА: Ѓорѓиевски со нов проект за сите средни училишта - еве што ќе се случува во иднина!
Kristal

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес ја посети мрежата на средни училишта во главниот град, при што изврши увид во новата опрема и подобрените услови за настава и работа.

„Влогот во образованието е влог во иднината. Горд сум што резултатите од нашиот труд веќе се видливи и тоа ни дава дополнителен мотив да продолжиме посилно и поодлучно“, истакна Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.

Тој додаде дека училиштата се опремени со:

  • нови клупи и столчиња,
  • прочистувачи на воздух,
  • преносни и десктоп компјутери,
  • модерни интерактивни табли и смарт панели кои овозможуваат современа и динамична настава.

„Ова е најголемата набавка за средното образование досега и јасно покажува нашата посветеност кон поквалитетно образование. Модернизацијата и осовременувањето на наставните средства продолжува системски и плански“, додаде градоначалникот.

Особен акцент е ставен и на реконструкцијата на спортските терени, со цел поттикнување на физичката активност и градење здрави животни навики кај младите.

Ѓорѓиевски најави дека сите средни училишта во Град Скопје ќе добијат фотоволтаици, мерка која ќе овозможи намалување на трошоците за електрична енергија и директен придонес кон заштитата на животната средина.

FixCredit
Escape