ПРВ.мк
Топ Вести

ПРЕГОВОРИ СО НАДЕЖ: Венс тврди дека е постигнат клучен напредок - еве што порача!

ПРЕГОВОРИ СО НАДЕЖ: Венс тврди дека е постигнат клучен напредок - еве што порача!
Kristal

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс изјави дека постои напредок во преговорите за завршување на војната во Украина, но нагласи дека нема гаранција дека ќе се постигне мирно решение. Во интервју за британскиот медиум „UnHerd“, Венс посочи дека шансите за постигнување договор се големи, но не се сигурни: „Мислам дека има големи шанси да го постигнеме тоа. Мислам дека има големи шанси да не го сториме тоа“.

Изјавите доаѓаат во период кога Вашингтон, под притисок од претседателот Доналд Трамп, ги засилува дипломатските напори за забрзување на преговорите, кои влегуваат во својата четврта година. Во текот на викендот, американските претставници воделе разговори со украинските и руските делегации како дел од најновата рунда „шатл дипломатија“. Според Венс, разговорите се водат на три патеки – Украина, Русија и Европа – при што секоја страна има свои приоритети и црвени линии.

Венс истакна дека е постигнат клучен пробив бидејќи главните точки на несогласување сега се дискутираат отворено, наместо да се игнорираат. Територијалните отстапки остануваат главна пречка, особено руските барања за контрола врз Донецк, што Украина го гледа како големо безбедносно прашање. Потенцираше дека украинските делегати приватно признаваат дека можат да го изгубат Донецк, но тоа би можело да се случи за 12 месеци или подолго.

Венс додаде дека не е против ограничено објавување на информации од преговорите и верува дека сите страни учествуваат со добра волја, но предупреди дека договорот не е неизбежен: „Ќе се обидеме да го решиме ова прашање. Ќе продолжиме да се обидуваме да преговараме“.

Украинските делегати се сретнаа со американските претставници на рунда разговори на 21 декември, следејќи ги украинско-американските разговори на 19 декември и руско-американските разговори на 20 декември во Мајами. Разговорите се фокусираа на ревидирана рамка од 20 точки за завршување на војната, како и на безбедносните гаранции за Украина и повоеното економско закрепнување.

Претседателот Володимир Зеленски потврди дека територијалните прашања остануваат главен приоритет на Киев, додека Москва продолжува да бара сеопфатни отстапки, вклучително повлекување на Украина од целиот регион Донбас, што Киев постојано го отфрла.

FixCredit
Escape