Вчера во 10:40 часот, С.М. (47) од Скопје пријавил во СВР Скопје дека додека се движел со возило од селото Јурумлери кон населбата Драчево, две други возила му го попречиле патот.
Од овие возила излегле М.С. и уште неколку лица, кои физички го нападнале С.М., при што употребиле и тврд предмет. Во инцидентот, неговото возило било оштетено.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и идентификација на сторителите.
















