ПРВ.мк
Црна Хроника

СПЕЦИЈАЛНА АКЦИЈА: Уапсен важен член на Исламска држава

СПЕЦИЈАЛНА АКЦИЈА: Уапсен важен член на Исламска држава
Kristal

Турската разузнавачка служба уапси Мехмет Горен, висок член на терористичката организација Исламска држава, со што беа спречени наводно планирани самоубиствени напади. Акцијата се случила на границата меѓу Авганистан и Пакистан, по што Горен бил депортиран во Турција.

Според агенцијата Анадолија, Горен е турски државјанин кој достигнал висока позиција во хиерархијата на Исламска држава и имал задача да координира планирани самоубиствени напади во Турција, Пакистан, Авганистан и делови од Европа. Засега не е познато дали во апсењето учествувале и властите на Пакистан и Авганистан.

FixCredit
Escape