ПРВ.мк
Економија

УБАВА ВЕСТ ЗА СТОЧАРИТЕ: 1.211 сточари примиле средства од МЗШВ - проверете дали сте на списокот!

УБАВА ВЕСТ ЗА СТОЧАРИТЕ: 1.211 сточари примиле средства од МЗШВ  - проверете дали сте на списокот!
Kristal

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека денеска се извршени исплати во вкупен износ од 335.963.096 денари кон 1.211 сточари, согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Од МЗШВ наведуваат дека корисниците на кои не им се исплатени средства за 2023 година треба да се обратат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за детална проверка и разгледување на секој поединечен случај. „Грижата за земјоделците продолжува“, истакнуваат од министерството.

Во рамките на субвенциите, веќе се исплатени:

  • 99.743.746 денари за 1.865 лица за предадени јаболка,
  • 177.533.000 денари за 1.636 лица за предадени јагне и јаре,
  • над 340 милиони денари за обележани говеда.

Дополнително, објавен е јавен повик за надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади, како и поддршка на традиционално сточарство.

Министерството апелира на претпазливост за спречување на пожари поради високите температури и најавува дека во четвртиот квартал од 2025 година ќе биде објавен јавниот повик за претприемачите во прехранбената индустрија.

FixCredit
Escape