Попладнево, граничниот премин Евзони кон Грција е блокиран за сите видови сообраќај за влез во земјата, додека излезот од Македонија кон Грција функционира само за тешките моторни возила.
Автомото сојузот на Македонија ја потврди блокадата со вонредно соопштение, истакнувајќи дека причина за затворањето се протестите на грчките земјоделци, кои во изминатите денови со трактори повеќе пати го блокирале преминот.
















