Во Хрватска започна јавна дебата за изградба на првата нуклеарна централа. Предлог-законот за примена на нуклеарна енергија за цивилни цели е подготвен од експертска работна група и сега е ставен на разгледување во јавноста, што е првиот значаен чекор во овој долг и скап процес.
Министерот за економија, Анте Шушњар, истакнува дека нуклеарната енергија би обезбедила стабилност на електроенергетскиот систем, би ја намалила зависноста од фосилни горива и би помогнала во намалување на емисиите на штетни гасови.
Според нацрт-законот, Хрватска планира до 2040 година една третина од електричната енергија да се добива од нуклеарни извори, што ќе претставува значителен чекор во модернизацијата на енергетскиот сектор.
















