ПРВ.мк
Македонија

ВОЗЕЛ КАКО ДА НЕМА УТРЕ: Велешанец фатен со огромно количество алкохол во крвта!

ВОЗЕЛ КАКО ДА НЕМА УТРЕ: Велешанец фатен со огромно количество алкохол во крвта!
Kristal

Велешката полиција ноќта на 21 декември запрела возило управувано од Г.Т. (49) од Велес, откако било затекнато да се движи на улицата „Гоце Делчев“. При контрола, возачот бил со 2,09 промили алкохол во крвта.

Поради сериозноста на прекршокот, веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе следи кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Од СВР Велес апелираат до граѓаните да не управуваат возило под дејство на алкохол, нагласувајќи дека ваквиот ризик може да заврши трагично, како за возачот, така и за останатите учесници во сообраќајот.

FixCredit
Escape