ПРВ.мк
Македонија

Вознемирувачки случаи во Скопје: Закани со остар предмет и физички напад во две семејства за еден ден!

Вознемирувачки случаи во Скопје: Закани со остар предмет и физички напад во две семејства за еден ден!
Kristal

Два одделни случаи на семејно насилство биле пријавени во Скопје во изминатите 24 часа, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Првиот случај бил пријавен на 21 декември 2025 година, кога 51-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Центар, нејзиниот сопруг З.А. (66) ѝ се заканувал со остар предмет. Според пријавата, тој го турнал и нивниот 22-годишен син, упатувајќи му закани, по што случајот бил пријавен во полиција.

Во вториот случај, на 22 декември 2025 година во 09:50 часот, во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со Б.К. (41) од Скопје. Постапката била покрената по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Драчево физички ја нападнал својата 37-годишна сопруга.

Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи, а по нивното документирање ќе следуваат соодветни поднесоци.

FixCredit
Escape