ПРВ.мк
Скопје

ПАТНИЦИТЕ ВО НЕИЗВЕСНОСТ: Масовни откажувања на летови во Скопје - ова е листата на одкажани летови!

ПАТНИЦИТЕ ВО НЕИЗВЕСНОСТ: Масовни откажувања на летови во Скопје - ова е листата на одкажани летови!
Kristal

Авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје постепено се стабилизира, откако во изминатите часови беше сериозно нарушен поради густата магла и значително намалената видливост, информира ТАВ Македонија.

Во периодот од 20:00 часот на 21 декември 2025 година, па сè до 12:00 часот напладне на 22 декември 2025 година, вкупно 27 летови биле успешно реализирани, односно слетале и полетале според предвидениот ред на летање. Сепак, временските услови условиле и откажување на осум летови, како и пренасочување на еден авион.

Според официјалното соопштение, во делот на пристигнувањата биле откажани три лета – од Белград, Истанбул и Истанбул – Сабиха Гокчен, при што последниот е презакажан за 23 декември 2025 година. Дополнително, еден лет во пристигнување од Франкфурт-Хан бил пренасочен кон друг аеродром.

Во однос на заминувањата, откажани се пет летови, и тоа кон Цирих, Белград, Атина, Истанбул и Истанбул – Сабиха Гокчен, при што и овој лет е презакажан за 23 декември.

Од ТАВ Македонија потенцираат дека и покрај нарушувањата, аеродромот во текот на целиот период бил отворен за авиосообраќај и сите оперативни капацитети биле целосно во функција. Посочуваат дека секоја авиокомпанија има сопствени интерни процедури и различен праг на толеранција за слетување и полетување при услови на намалена видливост, што директно влијае на одлуките за реализација или откажување на летовите.

Од аеродромот повторно апелираат патниците редовно да ги следат информациите што ги добиваат од своите авиокомпании, со оглед на тоа што временските услови можат брзо да се променат.

Ажурирани информации за статусот на летовите се објавуваат во реално време на официјалната веб-страница на Меѓународниот аеродром Скопје, додека за дополнителни информации патниците можат да се обратат на инфо-пултот во терминалната зграда или преку контакт телефонот +389 2 3148 333.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape