Во периоди кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се екстремно високи и загадениот воздух претставува сериозна закана за здравјето, лекарот Нико Беќаровски сподели практични совети за минимизирање на негативното и потенцијално канцерогено влијание врз организмот.
Беќаровски објаснува дека целосно избегнување на загадувањето е невозможно, но секојдневните навики можат значително да го ублажат неговото влијание. Тој препорачува денот да се започне со чај од диво оригано во комбинација со додатокот G-132+ Natural. Пред ручек е корисно да се консумира зелен чај со витамин Д (1.000 И.Е.), додека навечер советува чај од ѓумбир и куркума или бел слез, повторно со G-132+ Natural.
Дополнително, за време на денот е важно да се внесуваат најмалку два литра млака вода со лимон, а кај лица без висок крвен притисок може да се додаде и дополнителна шолја зелен чај.
„Ако не може да се спречи, барем благовремено да се лечи“, порачува Беќаровски, нагласувајќи дека грижата за здравјето е особено важна во услови на екстремно аерозагадување, бидејќи последиците од вдишување на штетните честички може да бидат долгорочни.
















