Соединетите Американски Држави денеска извршија пресретнување на уште еден танкер во меѓународни води близу брегот на Венецуела. Ова е втора ваква операција за време на викендот и третa за помалку од една недела.
Според неименувани извори, пресретнатиот танкер се наоѓал под меѓународни санкции. Претседателот на САД, Доналд Трамп, минатата недела ја објави блокадата на сите санкционирани танкери за нафта кои патуваат кон или ја напуштаат Венецуела.
Оваа мерка е дел од кампањата на Трамп за зголемување на притисокот врз венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Во рамки на кампањата, САД го зголемија своето воено присуство во регионот и нападнаа над 20 бродови во Тихиот Океан и Карипското Море, при што загинаа повеќе од 100 лица.
Вашингтон тврди дека кампањата е насочена кон бродови кои шверцуваат дрога, а Трамп повеќе пати се заканувал дека ќе нареди дополнителни акции за пресретнување на пораките со дрога што се транспортираат по копнен пат.
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, пак, ја обвинува американската кампања дека има за цел смена на неговиот режим и одземање на венецуелските нафтени полиња, и тврди дека мерките против наркокартелите се само изговор за интервенција во Каракас.
















