Српската пејачка Сара Јо во вчеравечер (20 декември) одржа концерт во еден од најпознатите клубови во Скопје, каде публиката станала сведок на длабоко емотивен момент.
За време на настапот, Сара најави песна во чест на својот близок пријател Панчо од ДНК, со кого ја поврзувало силно пријателство. Стануваше збор за песната Ако утре ме нема, која за пејачката имаше посебно значење.
Пред да започне да пее, Сара Јо се обрати до публиката со искрена порака дека верува оти Панчо ја гледа и дека секогаш ќе остане во нејзиното срце. Во салата завладеа тишина, а емоциите беа очигледни од првите акорди.
Како што започна да ги изведува стиховите, пејачката видливо се скрши – гласот ѝ затрепери и солзите ја зафатија, а по неколку такта мораше да застане, не успевајќи да ја доврши песната. Публиката ја поддржа со аплауз и тивка емпатија, сведочејќи на момент на искрена човечка болка и љубов.
Инаку, уште пред концертот, Сара Јо на социјалните мрежи најави дека настапот ќе го посвети на Панчо, споделувајќи видео од пробата на песната каде веќе се гледаше силната емотивна врска со својот пријател.
















