ПРВ.мк
Свет

ЕЛЕКТРИЧНА КРИЗА ВО САН ФРАНЦИСКО: Околу 130.000 потрошувачи без струја - ова е причината!

ЕЛЕКТРИЧНА КРИЗА ВО САН ФРАНЦИСКО: Околу 130.000 потрошувачи без струја - ова е причината!
Kristal

Во американскиот град Сан Франциско вчера се случи масовен прекин на електричната енергија, при што околу 130.000 домаќинства и компании останаа без струја. Снабдувањето постепено се стабилизира, но сè уште речиси 20.000 потрошувачи се без електрична енергија.

Најпогоден беше северниот дел на градот, каде што поради прекинот беа затворени голем број продавници и ресторани, а беше нарушен и градскиот транспорт.

Компанијата „Pacific Gas and Electric“ (PG&E) соопшти дека се истражуваат причините за масовниот прекин на електричната енергија, додека електричната мрежа се стабилизира и не се очекуваат нови прекини. Според противпожарната служба, дел од прекините биле предизвикани од пожар што избувнал во потстаница на ПГ&Е.

FixCredit
Escape