На 20 декември 2025 година, околу 05:35 часот, во ОВР Кочани е пријавено дека патничко возило „Фолксваген Голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од В.С. (25) од с. Прибачево, излетало од коловозот на локалниот пат с. Оризари – с. Прибачево, кај место викано „Бели бандери“.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот Т.Ј. (25) и уште двајца малолетни сопатници, додека возачот се здобил со телесни повреди. Сите повредени биле пренесени и згрижени во Општата болница Кочани.
При контролата било утврдено дека возачот управувал под дејство на алкохол, со измерени 1,39 промили во крвта. На местото на несреќата извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани.
















