ПРВ.мк
Црна Хроника

ЗДРАВСТВЕНА ПАНИКА: Грипот брзо се шири, бројките растат - еве за една недела колку заболени има!

ЗДРАВСТВЕНА ПАНИКА: Грипот брзо се шири, бројките растат - еве за една недела колку заболени има!
Kristal

Во периодот од 8 до 14 декември, здравствените власти во Република Северна Македонија регистрирале 126 случаи на грип и заболувања слични на грип, што претставува раст од 31,3% во споредба со претходната недела. Најмногу заболени се пријавени во Тетово (30 случаи), Куманово (20) и Македонски Брод (18), додека во Скопје се регистрирани 15 случаи. Иако по број на пријави Македонски Брод не е прв, тоа село има највисока инциденца со 178 заболени на 100.000 жители.

Според старосната распределба, најзасегната е возрасната група од 15 до 64 години со 97 случаи. Кај лицата над 65 години се пријавени 16 случаи, додека кај децата бројките се пониски: 7 случаи кај групата 5–14 години и 6 случаи кај најмалите од 0–4 години. Во Институтот за јавно здравје биле тестирани 24 примероци, при што се потврдени четири позитивни случаи на грип (три Influenza A(H3) и еден Influenza A(H1)pdm09), еден случај на RSV тип B, а SARS-CoV-2 не бил детектиран.

Кумулативно, од почетокот на сезоната 2025/2026, регистрирани се 998 случаи на грип/слични заболувања, што е зголемување од 51,2% во однос на истиот период минатата сезона. Најголем број пријави има во Гостивар (244) и Куманово (241), додека Македонски Брод повторно се издвојува со највисока инциденца од 583,5 на 100.000 жители.

Здравствените власти апелираат дека најсигурна заштита е вакцинацијата. За сезоната 2025/2026 се обезбедени 80.000 бесплатни четиривалентни вакцини за ризичните групи: лица над 65 години, деца од 6 до 59 месеци, лица со хронични болести, бремени жени и здравствени работници. Досега вакцинирани се 78.730 лица.

Епидемиолошкиот надзор покажува дека грипот има спорадична активност низ земјата, со процент на позитивност под 10%, што укажува дека сезоната не е во полн интензитет. Сепак, бројот на пријавени случаи расте, па се апелира на внимание, особено кај ризичните групи. Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје препорачуваат често миење раце, избегнување гужви, топло облекување, доволен одмор, внес на течности и витамини, како и користење заштитна маска и останување дома при симптоми на грип.

FixCredit
Escape