ПРВ.мк
Топ Вести

ПЕНЗИОНЕРСКА КРИЗА: Се повеќе пензионери зависат од социјална помош - ова е причината!

ПЕНЗИОНЕРСКА КРИЗА: Се повеќе пензионери зависат од социјална помош - ова е причината!
Kristal

Бројот на пензионери во Германија кои се принудени да примаат социјална помош поради ниски пензии достигна рекордно високо ниво, покажуваат податоците на Федералниот завод за статистика објавени во недела.

Според статистиката, до крајот на септември 2025 година, 755.300 пензионери добиле т.н. основна поддршка – вид социјална помош наменета за оние чии приходи не можат да ги покријат трошоците за живот. Прагот за добивање на оваа поддршка е 1.062 евра месечно, но се пресметува индивидуално според реалните трошоци за живот и според сојузната држава.

Во однос на истиот период минатата година, бројот на пензионери кои примаат дополнителна државна финансиска помош се зголемил за 25.000, а меѓу нив жените се доминантни, со 57% од примателите.

Претседателката на левичарската партија BSV, Сара Вагенкнехт, го оцени како скандал фактот што сè повеќе пензионери не можат да живеат од сопствените пензии. „Сиромаштијата во староста е веќе огромен проблем во Германија и гледаме дека се влошува со текот на времето“, истакна таа.

Една од главните причини за растот на трошоците за живот е зголемувањето на кириите, кои во големите градови како Берлин се зголемија повеќе од двојно во последните десет години, дополнително усложнувајќи ја економската ситуација на старите лица.

FixCredit
Escape