ПРВ.мк
Скопје

(ФОТО) После булеварот во Скопје, следна реката Вардар - што и кој се крие зад оваа пена?

(ФОТО) После булеварот во Скопје, следна реката Вардар - што и кој се крие зад оваа пена?
Kristal

Утринава во селото Таор, Општина Зелениково пријави несекојдневна и загрижувачка појава – голем обем на густа пена во одводниот канал што се влива директно во реката Вардар. Пораката ја алармираше јавноста бидејќи пената била значително поголема од вообичаеното и се појавила по активирањето на пумпите за препумпување на отпадни води од Скопското Поле, кои ги опфаќаат општините Гази Баба, Арачиново, Илинден, Петровец и пошироката околина.

Градоначалникот Коста Маневски соопшти дека општинските служби, заедно со екипи на АД „Водостопанство“, веднаш излегле на терен за првичен увид и координација со надлежните институции. Целта е да се утврди дали се работи за хемиско загадување, техничка неисправност или испуштање супстанции кои не смеат да завршат во одводниот систем.

По барање на општината, Институтот за јавно здравје земал примероци од водата и од самата пена за детални лабораториски анализи. Во меѓувреме, Зелениково поднесе официјална пријава до Државниот инспекторат за животна средина, кој треба да ги преземе сите понатамошни мерки и контроли.

Од општината уверуваат дека јавноста ќе биде навремено и целосно информирана штом пристигнат резултатите од анализите и насоките од институциите, а случајот засега останува под буден надзор поради можниот еколошки ризик.

Escape