Минатата недела црквата „Свети Никола“ во Катланово, кај Скопје, стана мета на дрзок крадец, кој ја ограбил црквата додека бил сам. Црковната камера ја снимила целата негова „операција“, која подоцна ја доставија читатели до „Слободен печат“.
На снимката се гледа како крадецот внимателно ги разгледува иконите, барајќи пари што верниците ги оставиле за здравје. Со смирени, но намерни движења, тој ги зема парите и, без да привлече внимание, мирно ја напушта црквата.
Случајот повторно отвора прашања за безбедноста на верските објекти и за потребата од зајакнување на контролата во црквите, особено во малите места.
















