Осумнаесетгодишна девојка од Србија синоќа пријавила во полиција дека попладнето била вознемирувана од такси возач на подрачјето на скопската општина Гази Баба.
Според нејзината изјава, додека се возела во таксито, возачот наводно ја допирал по телото и дури ја бакнал.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
















