Необична и загрижувачка ситуација се случува на кинеската вселенска станица Тјангонг. Откако минатата недела беше објавено дека леталото Шенжоу-20 претрпело оштетување – најверојатно од вселенски отпад – новиот екипаж што штотуку пристигна останува без употребливо возило за враќање на Земјата.
Капсулата требало да ги врати астронаутите на 5 ноември, но поради „мали пукнатини“ на прозорецот, мисијата е сменила план во последен момент. Екипажот на Шенжоу-20 морал да се врати со леталото Шенжоу-21, со кое доаѓале нивните замени. Тоа значи дека новата посада, наместо да го наследи својот „шалтер за спас“, буквално го испратила назад кон Земјата веднаш штом слегле од него.
Како што пренесува Newsweek, екипажот на Шенжоу-21 сега технички е оставен без капсулата за итни случаи, бидејќи Шенжоу-20 е „неспособен за безбедно враќање“. А токму тие летала служат како животно важни евакуациски возила при вонредни ситуации.
Оваа непријатна состојба го отвора прашањето за ризиците што орбиталниот вселенски отпад ги носи за сите мисии. Исто така потсетува на случајот на НАСА кога двајца астронаути мораа да останат на МВС цели осум месеци подолго, поради технички проблеми со леталото Старлајнер на Боинг.
Кинеската вселенска агенција засега не дава јасен одговор кога и со што новата посада ќе може да се врати дома. Објавено е само дека мисијата Шенжоу-22 ќе биде лансирана „во соодветно време“, а оштетената Шенжоу-20 ќе остане закачена на станицата за да продолжи со научни експерименти.
Експерти предупредуваат дека ако следната капсула што ќе пристигне повторно биде употребена веднаш за враќање на претходниот екипаж, Тјангонг повторно ќе остане без „брод за спас“ – што ја отвора најризичната дилема во целата приказна.
















