Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода девет возачи поради сериозни сообраќајни прекршоци. Акцијата била спроведена како дел од засилените контроли за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
Од приведените, шест лица управувале возило без возачка дозвола, при што двајца биле затекнати во Неготино – од кои едниот малолетник. По еден возач без дозвола бил евидентиран во Тетово, Кочани, Гевгелија и Скопје, каде што исто така станува збор за малолетно лице.
Во Кавадарци бил приведен возач кој управувал нерегистрирано возило и при тоа немал возачка дозвола. Во Велес, пак, бил лишен од слобода возач кој управувал под дејство на алкохол, додека во Кочани еден возач управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување од Б категорија.
По целосно документирање на случаите, против сите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана или под дејство на алкохол, со цел заеднички да се придонесе кон побезбедни патишта.


















