На 27 февруари околу 08:15 часот, 13-годишен ученик бил физички нападнат од свој соученик во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје. Нападот резултирал со тешки телесни повреди кај жртвата.
Случајот е пријавен во СВР Скопје од страна на таткото на повредениот ученик, а полицијата презема мерки за расчистување на инцидентот.


















