ПРВ.мк
Македонија

ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ ДРЖАВАТА: 10-годишно дете падна од балкон и почина!

ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ ДРЖАВАТА: 10-годишно дете падна од балкон и почина!
Kristal

Десетгодишно момче трагично го загуби животот откако падна од балкон на стан на Индустриска улица во Тетово. Според информациите од СВР Тетово, случајот бил пријавен денеска во 09:25 часот кога детето било донесено во Клиничката болница без знаци на живот.

Првичните сознанија покажуваат дека детето имало здравствени проблеми и паднало од терасата на станот. Родителите веднаш реагирале по известување од сосед и го однеле во болница, но лекарите можеле само да констатираат смрт.

Телото на починатото дете е предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител, а надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на трагичниот случај.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo