Пред празничната шопинг-манија, Amazon започна масовен бран на вработувања, барајќи околу 12.000 сезонски работници низ Германија за да се справи со рекордната побарувачка и проширувањето на логистичките капацитети.
Компанијата веќе почна да доделува договори во повеќе германски градови, пред сè пред „Црниот петок“, а процесот продолжува како што се приближуваат Божиќните празници. Нововработените ќе работат во логистичките центри, главно на сортирење и обработка на пакети. Во програмата не се вклучени возачи на достава, кои работат како надворешни соработници.
Сезонските договори траат до крајот на годината, а потребата за дополнителен кадар расте и поради отворањето на нови логистички пунктови, меѓу кои и два дистрибутивни центри.
Amazon Германија моментално има околу 40.000 постојани вработени, а секоја година пред празниците ја зголемува работната сила за да го поддржи огромниот раст на онлајн нарачките.
Според германската Федерална агенција за мрежи, Amazon е втор најголем доставувач во земјата, веднаш по DHL, а само во последната деценија испорачал околу пет милијарди пакети во Германија.
















