На 19 и 20 ноември 2025 година, полициски службеници од СВР Скопје спроведоа акции на различни локации во градот, при што беа лишени од слобода седум лица, меѓу кои и 17-годишен малолетник. Лицата се идентификувани како С.К. (31) од Турција со привремен престој во Скопје, А.Д. (25) од село Волково, скопско, Л.А. (20), Ј.К. (47), Д.К. (38), А.С. (25), А.С. (27) и малолетникот, сите од Скопје.
При претресите, кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, прашкаста материја и марихуана.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци и натамошна постапка согласно законските прописи.
















