ПРВ.мк
Скопје

Брутален напад во основно училиште, Двајца тинејџери тепале врсник - ова се деталите

Брутален напад во основно училиште, Двајца тинејџери тепале врсник - ова се деталите
Kristal

На 18.11.2025 во 14:30 часот, СВР Скопје примило пријава од Р.К. (40), кој информирал дека на 15.11.2025 околу 15:00 часот неговиот 13-годишен син бил физички нападнат во дворот на основно училиште во с. Љубош, општина Студеничани. Нападот бил извршен од двајца малолетници кои ги познавале жртвата.

Според пријавата, нападот бил снимен од трет малолетник со мобилен телефон, што дополнително ја усложни ситуацијата.

Полицијата презема сите потребни мерки за расчистување на случајот и утврдување на одговорноста на вклучените малолетници.

Escape