ПРВ.мк
Свет

Скапа авантура: Татко и син исчезнаа во тунел - ова се деталите

Скапа авантура: Татко и син исчезнаа во тунел - ова се деталите
Kristal

Татко и син одлучиле да ја истражат мрежата на тунели под Меморијалниот комплекс каде некогаш се наоѓал концентрациониот логор Мителбау-Дора, без да очекуваат дека нивната авантура ќе предизвика вистински хаос.

Станува збор за огромна, длабока мрежа во планината Конштајн, каде за време на Втората светска војна затворениците биле принудени да работат во брутални услови и да произведуваат оружје за нацистите.

Пред да замине, мажот ја известил поранешната сопруга за своите планови. Кога таа не добила одговор на повиците, веднаш ја контактирала полицијата. Властите започнале голема потрага, стравувајќи за животите на таткото и синот, објави Велт.

Тимови со кучиња трагачи и хеликоптер биле испратени на терен за да ги пронајдат „исчезнатите“ лица. Но, потрагата имаше неочекуван ефект – таткото и синот го забележале хеликоптерот и полициските патроли и, исплашени, решиле да се сокријат.

Подоцна, тие контактирале член на семејството, кој ја известил полицијата дека се живи, со што потрагата завршила.

Полициската управа ја искористи ситуацијата за да ја предупреди јавноста дека ваквите „истражувања“ на напуштени и заштитени места не се само нелегални, туку и исклучително опасни.

Таткото најверојатно ќе мора да ги сноси трошоците за операцијата, вклучително и користењето на хеликоптерот, а против него и неговиот син е поднесена пријава за неовластен влез во заштитено подрачје.

Escape