ПРВ.мк
Свет

Опасност од албанска мафија: Главниот обвинител во Брисел бил мета на атентат – еве што се случило!

Опасност од албанска мафија: Главниот обвинител во Брисел бил мета на атентат – еве што се случило!
Kristal

Осум лица од албанска националност, членови на албанска криминална група што дејствува во Белгија, се уапсени под сомнение за можен обид за атентат врз главниот обвинител во Брисел, Жулиен Моинил, јавуваат албанските медиуми, повикувајќи се на извештаи од Белгија.

Според информациите, полицијата во раните утрински часови извршила 18 претреси на домови во Брисел и Лувен како дел од операцијата за запирање на заговорот.

Белгиското државно обвинителство соопштило дека главните осомничени имаат криминално досие поврзано со организирана трговија со дрога и се активни во рамките на албанската криминална мафија.

Уапсените лица моментално се испрашуваат од истражителите, а судот наскоро ќе одлучи дали ќе бидат задржани во притвор или ќе бидат пуштени на слобода.

Истражната постапка за овој случај започнала во јули, кога полицијата добила информации за можна закана за обвинителот Моинил. Поради сериозноста на заканата, нивото на ризик било подигнато на највисокото, ниво 4, а биле воведени и засилени безбедносни мерки.

Главниот обвинител, Жулиен Моинил, не е првпат изложен на опасност. Тој повеќепати бил ставен под заштита поради случаи кои ги водел, вклучително и шема за измами со автомобили, каде според белгиските медиуми, во албанската средина имало планови за негово убиство со награда од еден милион евра.

Escape